Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од северозападен правец. По одделни котлини има услови за слаба магла.
Утринската температура во земјава ќе се спушти во интервалот од 4 до 12 а највисоката дневна од 20 до 27 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од северозападен правец.
Утринската температура во земјава ќе се спушти 11, а највисоката дневна ќе достигне до 25 степени.
Од среда нашето подрачје ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови од Медитеранот. Времето ќе биде променливо, а на места значително облачно со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни. Се очекува на повеќе места дневно да наврнат над 20 литри на метар квадратен воден талог. Дневните температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движаат од 12 до 22 степена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.