Нема да се толерира никакво нарушување на изборниот процес, истакна Гордана Јанкуловска, министерка за внатрешни работи, во пресрет на вториот круг на локалните избори в недела.
– Очекувам изборите и во вториот круг да поминат во фер и демократска атмосфера. Обезбедени ќе бидат 1.614 избирачки места, сместени во 949 објекти, во 582 населени места. Во текот на вчерашниот ден со полициско обезбедување бил извршен транспорт на доверливиот избирачки материјал во 37 општински комисии – изјави Јанкуловска.
Јанкулоска потенцираше дека полициското обезбедување ќе се одвива во две фази, почнувајќи од 7 часот наутро во недела, до завршување на изборите, како и обезбедување услови за сумирање на резултатите и транспорт на гласачкиот материјал од гласачките места до општинските изборни комисии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
Зелените партии со најголеми изборни победи во Западна Европа викендов
-
Заев: Вистинската опција за уставните измени е Собранието, а не нови избори