Хрватскиот претседател Колинда Грабар Китаровиќ ги закажа редовните парламентарни избори за 8 ноември оваа година, јави Хрватската национална телевизија (ХРТ).
По објавувањето на датумот на изборите почнува да тече двонеделен рок за предавање на кандидатските листи за изборите на Државната изборна комисија.
Потоа се предвидени 48 часа за евентуални жалби, по чие истекување почнува официјалната предизборна кампања.
Претседателката ги повика хрватските државјани „да ја земат судбината во свои раце“ и да гласаат на изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.