Во пресрет на квалификацискиот дуел меѓу Албанија и Србија.Во Елбасан, в четврток Албанија и Србија ќе го одиграат возвратниот дуел од квалификациите за ЕП. За инцидентот во Србија, беше доволно пишувано, но слично нешто се планира и во Албанија, пишува порталот „365 спорт“.
Албански државјанин, кој со години живее во Италија и кој на 18 ноември 2014 година влезе на теренот во текот на натпреварот помеѓу селекциите на Албанија и Италија со албанското знаме во рака, изјави дека српски навивачи му нудат пари за да предизвика прекин на дуелот во Елбасан.
–Лидерите на српските навивачки групи кои живеат во Италија му нудат 50.000 евра да предизвикам немири на натпреварот во Елбасан. Ми се јавија и ме прашуваа дали сакам тоа да го направам. Се обидоа на сите начини да ме убедат. На надлежните органи како доказ можам да им ги приложам и телефонските броеви.“ – изјави Адеми.
Но, Адеми тврди дека ја одбил понудата.
–Јас сум страствен навивач на Албанија и таквата понуда веднаш ја одбив. Ми нудеа 10.000 евра за знамето кое ми го потпиша Лорик Цана. Тоа беше одвратен предлог и само Срби можат да смислат такво нешто.“ – изјави Адеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“