Шпанските ракометари во редовите на РК Вардар и членови на репрезентацијата на својата земја, Алекс Дујшебаев и Хорхе Македа беа во фокусот на ЕХФ ТВ, кој подготви неколкуминутен прилог за левучарите „бомбардери“.
И двајцата се силни левучари, па ЕХФ ТВ својот прилог го нарече „Шпанската левучарска моќ во Скопје“. Станува збор за интересно интервју со Македа и со Душебаев, по повод доаѓањето на Хорхе во Вардар.
Во видеото раскажуваат како Душебаев му помага на Македа во вклопувањето во новата средина, а сето тоа се случува во една убава прошетка до крстот на Водно, со жицницата.
Кои карактеристики би ги издвоиле за другиот?
Македа: Квалитетот, тој е играч врвна класа, интелигентен, смешен,
Душебаев: Тој е смешен, добар пријател, има повеќе чувство и ритам од мене.
Колку ви значи што имате соиграч Шпанец во Скопје?
Македа: Алекс ми помага да се адаптирам овде. Ако ми треба превод ми помага, а исто така ми помага да се вклопам и на теренот. Овде се игра различно од тоа што го игравме во Нант. Сѐ на сѐ ми помага многу. Ќе треба да го честам вечера некогаш.
Душебарв: Одлично е што го имам Хорхе како соиграч. Многу си помагаме и се поддржуваме. Секогаш е плус да имате уште еден Шпанец во тимот. Тој сѐ повеќе се вклопува и на тренинзи и на натпревари, комуницира сѐ повеќе, тој е едноставно некомплицирана и пријатна личност.
Зошто дојде во Вардар?
Македа: Главната причина поради која дојдов во Вардар е да играм во Лигата на шампионите, нешто што не сум го правел досега. Втората причина беше тренерот Раул.
Има ли конкуренција меѓу вас?
Душебаев: Секако дека има конкуренција, но тоа е здрава конкуренција. И двајцата се трудиме да го правиме она што е најдобро за тимот, да играме најдобро што знаеме за да оствариме што е можно повее победи.
Целосното видео од интервјуто можете да го погледнете на овој ЛИНК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



