| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од 1,5 милијарда долари стоковна размена со странство

industrijaВкупната стоковна размена на Македонија во првите два месеца од годинава изнесувала 1.594.204 илјади американски долари, при што вредноста на извозот изнесува 612.530 илјади американски долари, а увозот 981.674 илјади американски долари. Покриеноста на увозот со извозот е 62,4 проценти, а трговскиот дефицит изнесувал 369.144 илјади американски долари, објави Државниот завод за статистика.

Во овој период Македонија најмногу извесувала катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникел, производи од железо и челик (валани производи), облека и преработки од нафта. Во делот на увозот најмногу влегле суровата нафта, платина и легури на платина, необработени или во прав, руди на никел и нивни концентрати и електрична енергија.

Статистиката покажува дека најголем извоз имаме со земјите од ЕУ, каде што се извезени 71,8 процент од стоките и земјите од западен Балкан, каде што се извезле 18,3 проценти. Во првите два месеца од годината најмногу сме увезувале стоки од ЕУ – 57,4 отсто од увезените стоки. Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу или 48,5 проценти од вкупната размена  ја направила со Германија, Велика Британија, Србија, Бугарија и со Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top