Резултатите на неодамна спроведените истражувања од страна на американскиот портал Статиста покажаа дека најголем број алкохоличари е застапен во сферата на рударството, дури 17,5 отсто од вработените во оваа приватна гранка признале дека изминатиот месец се опијаниле барем еднаш.
Стручњаците веруваат дека поврзаноста меѓу оваа професија и прекумерното консумирање алкохол се крие во големото ниво на стрес на работното место, како и мрачното опкружување и тешките и ризични услови за работа, кои работниците ги поттикнуваат на вртење кон алкохолот.
Ова е листата на десет професии во рамки на кои луѓето најмногу консумираат алкохол:
1.Рударство 17,5 отсто
2.Градежништво 16,5 отсто
3.Угостителство 11,8 отсто
4.Уметност, забава, рекреација 11,5 отсто
5.Комунални услуги 10,3 отсто
6.Големопродажб 10,2 отсто
7.Менаџмент 9,9 отсто
8.Индустриско производство 9,7 отсто
9.Земјоделство, шумарство, лов, риболов 9,4 отсто
10.Недвижности 9 отсто
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.