Без оглед дали го печете пилето во рерна или го вртите на скара во природа, ова е, веројатно, најгенијалниот рецепт со кој месото излегува вкусно, сочно и меко.
Сè што ви е потребно е пиле со средна големина, помала лименка од омиленото пиво и комбинација од зачини како што се: крупна сол, црн пипер, малку кафен шеќер, луто пиперче, црвен пипер и малку кромид во прав.
Со зачините намачкајте го пилето по кожата и во внатрешноста. Кога ќе завршите, наденете го пилето врз лименката.
Загрејте ја рерната или скарата на околу 175 степени. Потоа во садот за печење (задолжително со капак) во кој сте ставиле малку пиво, внимателно сместете го пилето и ставете го да се пече од еден до еден и пол час.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)