| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо: Ќе си одам само ако тоа го посакаат фудбалерите

zoze murinjo

Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо, се најде на критики на фудбалската јавност во Англија, а посебно меѓу симпатизерите на „сините“ од „Стенфорд Бриџ“.
По последниот пораз на домашен терен од Саутемптон од 1-3, се запали „црвената светилка“ во раководството на клубот, бидејќи тоа е најлошиот почеток на Мурињо во историјата на клубот. Сепак, по состанокот, раководството на Челси му изгласа доверба на Мурињо да остане, но тоа не значи дека ако продолжат слабите резултати, тој нема да си замине. Тој вели дека ќе си замине само доколку фудбалерите не сакаат веќе да работат со него и ја нема нивната доверба.

– Луѓето може да зборуваат што сакаат, за мене се важни фудбалерите. Ќе си заминам само доколку тие веќе не ме сакаат за менаџер. Само тоа би ме натерало да го напуштам Челси. Се разбира, раководството на клубот го има последниот збор. Не сум задоволен од резултатите на тимот, но кај мене има задоволство од тоа како се соочуваме со овој проблем. Се надевам дека брзо ќе излеземе од кризата – изјави менаџерот на Челси, Жозе Мурињо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top