| четврток, 6 декември 2018 |

Каролина ќе пее во „Карнеги хол“ во Њујорк

По покана на македонскиот композитор и пијанист со светско реноме Дуке Бојаџиев, Каролина Гочева ќе биде специјална гостинка на неговиот концерт заедно со камерниот оркестар на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи на 8 октомври во една од најпрестижните концертни сали во светот, „Карнеги хол“ во Њујорк.

Како што велат од нејзината продуцентска куќа „Авалон“, на концертот во овој музички центар на кој настапуваат едни од најврвните репродуктивни уметници од целиот свет, премиерно пред американската публика ќе прозвучи најновата песна на Каролина со наслов „Зборови немам“, каде комплетен автор е токму Дуке Бојаџиев. Снимена е и продуцирана во музичкото студио „Гаеа“ во Њујорк, а вокалот на Каролина е снимен во студиото „Марифет“ на Ивица Јанкуловски во Скопје.

Најновата песна на Каролина и Дуке доживеа македонска премиера минатиот месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top