Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле синоќа изјави дека е неопходно да се ограничи бројот на луѓето што доаѓаат во Европа, која се соочува со најголем прилив на бегалци од Блискиот Исток и од Африка.
– Мораме да го ограничиме приливот во Европа- нагласи Шојбле во интервју за германската телевизија ЗДФ.
Шојбле изјави дека Европа треба да биде подготвена да прифати луѓе, но дека не може да го стори тоа што е невозможно.
Според досегашните процени, повеќе од 200 илјади мигранти пристигнале во Германија само минатиот месец, што е речиси исто колку што вкупно влегле целата мината година, а германската Влада очекува дека до крајот на годината нивната бројка ќе биде преку еден милион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европа го освои „Лејвер купот“ (Видео)
-
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија ќе оди напред во ЕУ и во НАТО, но без Заев
-
Студен бран од Сибир ја зафати Европа: Неверојатно ниски температури во Франција, Италија, Полска, тројца починаа од студ (фото)
-
Во Австралија беснее грип поопасен од свинскиот – се шири и кон Европа