| четврток, 6 декември 2018 |

Две детски тела пронајдени на брегот на грчкиот остров Кос

Телата на две малечки момчиња се пронајдени вчера на брег на грчкиот остров Кос, соопшти крајбрежната стража на Грција.

мигранти

 

Најверојатно, според крајбрежната стража, тие се од емигрантско семејство, кое се обидело да стигне до островот.

Вчера изутрината на хотелска плажа било пронајдено тело на бебе, веројатно на возраст меѓу шест месеци и една година. Неколку часа подоцна, на истото место, било пронајдено и телото на момче, меѓу три и пет години.

Околу 630 илјади лица илегално влегле во Европа од почетокот на 2015 година, изјави шефот на Европската агенција за контрола на границите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top