Животот на Кос полека се враќа во нормала, изјави портпаролот на грчката Влада Димитрис Цанакопулос за радиото на државната новинска агенција АНА-МПА.
Тој информира дека на островот веднаш заминале тројца министри, и оти напорите сега се фокусирани на приодот од море кон островот, со оглед на тоа што пристаништето е многу оштетено. На Кос се очекува да пристигнат четворица експерти и ако тие проценат дека штетата не може директно да се поправи, тогаш Владата има алтернативен план.
Грчкиот остров Кос ноќеска го погоди силен земјотрес во кој загинаа две лица, а петмина од повредените, за кои се уште не се знае точниот број, се префрлени во универзитетската клиника на Крит
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.