| четврток, 6 декември 2018 |

Хамонд: Русија спроведува „асиметрично војување“ во Сирија

hammond_3122414bРусија спроведува „класично асиметрично војување“ во Сирија, користејќи ја својата воена сила да го поддржи претседателот Башар ал Асад, додека истовремено тврди дека ги напаѓа припадниците на Исламската држава, тврди шефот на британската дипломатија, Филип Хамонд.

– Ова изгледа како класично руско асиметрично војување. Испраќате силна пропагандна порака дека правите една работа, додека, всушност, правите нешто сосема друго, а кога за тоа ве прозиваат, едноставно демантирате – вели Хамонд во интервју за „Ројтерс“.

Хамонд додава дека властите во Велика Британија разговарале со руските власти повеќе пати, но и дека секогаш добивале ист одговор – дека Москва ги напаѓа ИСИС во Сирија.

– Се обидувате да разговате со Русите. Тие, едноставно, ви го повторуваат својот став – што, како што се чини, е и став на Иран, а тоа е, просто, неверојатно – вели шефот на британската дипломатија.

Тој наведува дека Британија мора да биде целосно уверена дека Асад нема да биде дел од иднината на Сирија, оценувајќи дека таа е земја „оддалечена милион километри“ од можноста да се одржат фер и демократски избори, како што предлагаат Русија и Иран.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top