Русија не може да се бори против ИД во Сирија и истовремено да го поддржува претседателот Асад, порача шефот на британската дипломатија Филип Хамонд.
-Поддршката од Русија кон Асад ќе ја втурне опозицијата во раце на ИД и ќе го зајакне злото кое Путин, како вели, сака да го порази- посочува Хамонд.
Претходно премиерот Дејвид Камерон руската интервенција ја нарече „Ужасна грешка“ и оцени дека тоа дополнително ќе го дестабилизира регионот.
-Повеќето руски воздушни напади, колку можев да видам, беа извршени во делови на Сирија кои не се под контрола на ИД, туку од другите противници на асадовиот режим- посочи Камерон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.