Засега нема напредок во преговорите за иранската нуклеарна програма во Виена, изјави британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд во Виена.
Во преговорите денеска учествуваат министрите за надворешни работи на Иран и на шесторката.
Дипломатите ќе имаат средби во различни формати, а потоа ќе се вратат во своите земји на дополнителни консултации, изјави иранскиот заменик-министер за надворешни работи Маџид Тах Раванчи.
Тој не можеше да прецизира кога ќе се одржи состанок во целосен формат на министрите за надворешни работи на Иран и на земјите од шесторката (петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН и Германија).
Преговорите за иранската нуклеарна програма беа продолжени до 7 јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.