| четврток, 6 декември 2018 |

Јунак на викендот е голманот на Мехелен кој одбрани три пенали на дуелот со Андерлехт (видео)

fransoa zile

Главна ѕвезда овој викенд на фудбалските терени ширум Европа е голманот на Мехелен во белгиското првенство, Франсоа Жиле кој успеа да одбрани дури три пенали вечерва во дуелот против Андерлехт на гостински терен. Тој тоа го стори најпрвин во седмата минута кога успеа да го спречи ударот на Прает, а потоа во 14 го одбрани пеналот на Окака. Во самиот финиш од натпреварот при резултат 1-0 за домаќините во 89 минута успеа да го спречи и Тјелеманс да постигне гол од белата точка и да му донесе победа на својот тим.
За да биде уште потрагична вечерта за Андерлехт одбранбениот играч на овој тим Кара Мбоѓи си постигна автогол во судиското продолжение за израмнување на резултатот на 1-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top