| четврток, 6 декември 2018 |

Дебакл на Милан на „Сан Сиро“, Јувентус конечно победи дома (видео)

Milan-Napoli

Екипата на Милан доживеа срамен пораз на својот стадион „Сан Сиро“ во дерби дуелот од седмото коло во Серија А лигата од Наполи со 0-4.
Стратегот на „росонерите“ Синиша Михајловиќ треба да биде загрижен за своето работно место бидејќи ова беше четврти пораз на екипата која пред почетокот од сезоната доведе бројни засилувања во составот.Росонерите“ се надеваа дека токму на овој меч ќе покажат дека можат да се носат со најдобрите тимови во Италија, но се случи токму спротивното, Наполи со својата доминација покажа колкава е разликата во квалитет меѓу овие две екипи. Инсиње беше човекот на одлука на ова дерби, асистирајќи при првиот гол на Алан, пред потоа со два брзи гола во вториот дел да зголеми на 0-3. Конечните 0-4 беа псотавени со автоголот на Родриго Илај, кој само ја зголеми мизеријата за својот клуб.


AC Milan vs Napoli 0-4 All Goals & Highlights… by sports-live1

Актуелниот шампион Јувентус конечно во четвртиот натпревар на домашен терен дојде до првата победа. Денеска „старата дама“ славеше со 3-1 над Болоња и покажа знаци за надминување на кризата и приклучок кон горниот дел од табелата. Алваро Мората беше главна фигура на оваа средба, постигнувајќи го првиот гол пред да изнуди пенал за вториот погодок за Јуве, што го реализираше Дибала. Конечните 3-1 беа дело на Кедира, чиј камбек на средината на теренот се покажа како огромен „плус“ за тимот на Масимилијано Алегри.


Juventus vs Bologna 3-1 All Goals 2015 by edward-gashi

На останатите денешни средби беа постигнати следниве резултати:

Емполи – Сасуоло 1-0, Палермо – Рома 2-4, Сампдорија – Интер 1-1, Удинезе – Џенова 1-1, Лацио – Фросиноне 2-0, Фиорентина – Аталанта 3-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top