| четврток, 6 декември 2018 |

Мадридското дерби на „Висенте Калдерон“ заврши без победник 1-1 (видео)

Градските ривали од Мадрид, Реал и Атлетико вечерва во дербито во Примера дивизија одиграа без победник, 1-1. Со новиот бод Реал се израмни на табелета со Барселона со 14 бодови, додека на врвот се наоѓа Вилјареал со 16.

Atletico Madrid vs Real Madrid

„Кралевите“ поведоа со голот на францускиот интернационалец Карим Бензема во деветтата минута откако искористи една одлично нафрлена топка од Карвахал и со глава ја смести во мрежата на немоќниот Облак.
Домаќинот по примениот гол тргна во офанзива да го израмни резулатот и тоа можеше да се случи во 22 минута откако главниот судија оправдано досуди најстрогна казна за Атлетико по стартот на Рамос над Тијаго, но Гризман не успеа да го совлада голманот Навас кој ја погоди страната и го одбрани ударот.

Atletico Madrid vs Real Madrid

Сепак „јорганџиите“ успеаја да го измранат резултат во 83 минута преку Вието кој најдобро се снајде во казнетиот простор на Реал откако Џексон Мартинез успеа да нафрли покрај Арбелоа.
Во судиското продолжение Атлетико можеше многу лесно да дојде до целосен пресврт, но Кејлор Навас со крајни напори успеа да го одбрани ударот на Мартинез.

Во останите денешни натпревари беа постигнати следниве резултати:

Рајо Валјекано – Бетис 0-2, Атлетик Билбао – Валенсија 3-1, Леванте – Вилјареал 1-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top