Еден Италијанец е уапсен заради лажно пријавување за бомба во авион. Тој тоа го сторил само за да го стигне летот за кој што доцнел. Се понадевал дека полициската истрага ќе му овозможи „малку екстра време“.
Неименуваниот 46 годишник сепак го пропуштил летот на Алиталија од Торино до Рим, иако авионот по пријавата останал дополнителни два и пол часа повеќе на терминалот.
-Слушнав двајца Арапи како разговараа дека су ставили бомба во авионот- е пораката која Италијанецот ја оставил в полиција.
Откако патниците биле евакуирани, а багажот пребаран, утврдено е дека пријавата е лажна и авионот заминал за Рим.
И покрај напорот, мажот кој наводно бил на службен пат во Палермо, задоцнил на летот, а полицијата го уапсила штом пристигнал на аеродромот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


