Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле порача дека е неопходно да се ограничи бројот на луѓе кои доаѓаат во Европа, која што во моментов се соочува со најголемиот прилив на бегалци од Блискиот исток и од Африка.
Волфганг Шојбле рече дека Европа треба да се подготви да прифати луѓе, но „не може да се стори нешто што е невозможно“, стои во интервјуто на немачката телевизија ЗДФ.
Се проценува дека над 200 илјади мигранти пристигнале во Германија само во септември, што е ист број колку што пристигнале лани во текот на целата година. Владата во Берлин очекува дека до крајот на годината ќе пристигнат над 800 илјади.
Според податоците на ФРОНТЕКС околу 630 илјади луѓе влегле годинава нелегално во ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


