Баерн Минхен продолжува со доминацијата во Бундеслигата и по осмото коло има стопроцентен ефект. Денеска во дербито на „Алијанц Арена“ ја торпедираше второпласираната екипа во шампионатот, Борусија Дортмунд со резултат 5-1.
По само десет дена откако со ист резултат беше совладан уште еден ривал за титулата екипата на Волфсбург, избраниците на Пеп Гвардиола не застануваат со темпото и продолжуваат да ги газат противниците.
Томас Милер беше главна фигура на првото полувреме, откако овој фудбалер ги постигна првите два погодоци за Баерн, пред Обамејанг да намали на 2-1. Во вторите 45 минути на сцена стапи Левандовски, кој и самиот два пати се запиша меѓу стрелците, пред Геце да ги постави конечните 5-1 на мечот што требаше да биде големо бундеслигашко дерби, полно со неизвесност.
Баерн со оваа победа по осум одиграни кола има максимални 24 бода, додека Борусија се уште е второпласирана, но со заостанување од седум бода зад лидерот.
Bayern Munich vs Borussia Dortmund 5-1 All… by GolatKuqeZi
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)