| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар по првиот дел води со 15-13 на гостувањето кај Кристијанштад

vardar-seged-22

Македонскиот шампион Вардар и во третото коло од Лигата на шампиони игра фантастично и по првите 30 минути од натпреварот во Шведска води со 15-13 против Кристијанштад.
Главниот мотиватор на тимот голмнанот Арпад Штербик повторно има одлична партија успевајќи да одбрани девет удари кон неговиот гол и еден седмерец.
Во нападот брзите контри на Дибиров и Шишкарев и одличните асистенции на пикерската позиција ги доведе „црвено-црните до предност од 9-4 по само 13 минути игра. Тоа го натера домашниот тренер веднаш да побара минута одмор за да ги консолидира редовите. Тоа и се случи и Кристијанштад со серија од 6-1 дојде до измранување во 22 минута на 10-10, на тоа Раул Гонзалес одговори со тајм-аут и ја врати првата постава на теренот која донесе многу подобра игра во одбраната потпомогната од одличниот Штербик.
Во вториот дел се очекува Вардар да го засили темпото и да дојде до уште една победа во Лигата на шампионите и да го запоседне првото место во групата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top