Во заедничка акција на шпанската и мароканската полиција се уапсени 10 лица, кои се осомничени за регрутација на борци за џихадистичката група Исламска држава (ИД) на територијата на Шпанија.
Како што соопшти денеска шпанското Министерство за внатрешни работи, четворици од осомничени, двајца мажи и две жени, се уапсени во градовите Бадалона, Толедо и Валенсија во Шпанија, а останатите шестмина се лишени од слобода во Мароко.
Двете жени уапсени во Шпанија се Мароканки, едниот маж е шпански државјанин со мароканско потекло, а вториот е Португалец, кој преминал во ислам.
Сите упсени се товарат за регрутирање на борци на ИД за боиштата во Сирија и Ирак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.