Тренерот на ППД Загреб Веселин Вујовиќ по натпреварот од Лигата на шампионите меѓу неговиот тим и Веспрем кој го загуби со 20-21 на домашен терен, по натпреварот беше бесен на судискиот тандем од Данска Гјединг – Хансен, по за нивното издание на синоќешното дерби на третото коло.
Популарниот Вујо имаше низа забелешки за судењето, иако мора да се признае дека неговиот тим успушти бод во последните моменти од мечот, кога Антонио Ковачевиќ ја испушти топката при влезот кон противничкиот гол.
– Можеби нема да звучам коректно, но вакво срамно судење на домашен терен долго не сум видел. Се почна кога му дадоа црвен картон на Момир Илиќ, како да чувствуваа вина поради тоа, па почнаа да судат против нас. Имавме неверојатно голем број исклучувања, свиреа непостоечки пенали и буквално не извадија од рамнотежа.
Штета, веројатно би било најчесно натпреварот да заврши нерешено, но морам да признаам дека така требаше да биде и минатата недела кај Целје – изјави Вујовиќ.
Тој со ваквите изјави, познавајќи ги правилата, ризикува да добие голема казна од ЕХФ.
Следниот натпревар ППД Загреб го чека тешко гостување против ПСЖ во Париз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.