Како некое лице е канонизрано? Или, да бидеме попрецизни, што е она што двои 10.000 и повеќе официјални католички светци од останатите нас, 1,2 милијарди католички грешници?
Во средата, Папата Франциско го канонизираше Џуниперо Сера, шпански мисионер од 18-иот век, кој го вовел или наметнал католицизмот помеѓу домордците американски заедници во Калифорнија. Ема Грин се обидува во детали да ја опише репутацијата на Сера, која го сметаат и за културен империјалист, и влијанието на контроверзниот мисионерски проект во целина врз домородните заедниц. Но Сера е контроверзен и од друга причина – тој е единствениот кој има сертификат од Рим за чудо на негово име. (Чудо, или катехизам, е „знак или чудо, како што е лекување или контрола на природата, кое единстено може да се припише на божествена моќ“).
Од светците вообичаено се бара да изведат барем две чуда, иако мачениците се исклучок од ова правило и папите можат да направат и други исклучоци, како што го стори Франциско со овој случај, пишува американски „Атлантик“.
Не е лесно да се стане светец, иако Папата Јован Павле Втори ја олесни процедурата и таа трае пократко. Сера починал во 1794 година, и единственото чудо кое црквата со сигурност го прифатила се случило во 1960 година, кога калуѓерка од Сент Луис била излечена од мистериозна болест, за кое се сметало дека е лупус, откако му се помолила на Сера додека била на смртна постела. (Одбиените чуда кои му се припишуваат на Сера: пад од коњ без никаква повреда, доживеано просветлување која го променила животот на некој кој дошол на гробот на светиот човек, и излечен случај од алкохолизам). Сепак, правилата за прогласување некого за светец се прилично јасни. Во основа, да се стане светец мора Прво, да си мртов; Второ, да имате демонстрирано „херојска доблест“ додека сте биле жив; и Трето, постхумно да изведете чудо/а.
Но, што се смета за чудо, и кој тоа треба да го каже? Ова прашање лежи во основата зошто канонизацијата како таква, над секоја посебна личност на која се однесува, е контроверзна со векови наназад. Во средновековна Европа, на пример, свети мажи и жени се сметало дека лекувале, па дури и оживувале луѓе од гроб, преку моќта на нивните реликвии кои често биле дел од нивните тела и кои верниците ги сочувале по нивната смрт. Социологот од Стенфорд, Паоло Париџи, го документирал ова во неговата книга „Рационализација на чудата“.
Реликвиите биле отсекогаш толку барани, што во 1589 година, кога локалниот свештеник Фриар Рабиеро починал во Борџо Сан Сеполеро во Италија, масата верници, од кои некои матале со ножички, го оскрнавеле неговото тело додека било изложено во црквата: му ја исекле косата и брада и очните трепки, и му ги искорнале ноктите, како и еден заб. Собраните делови од телото биле сварени и пиени за излекување на тешки породувања, или биле ставани на рани за да зараснат.
– Протестантските реформатори од 16-иот век гледале на ова како суевереие и маѓија, ми рече Париџи. Во време кога Рим немал котрола над локалните верувања, тоа исто често било предемет на измама. „Ако идолатријата е само пренесување на честа од Бога кон другите, дали можем,е да негираме дека е ова идоларија?“
Фактот што наводните реликвии шетале низ Европа, значи, барем во калвинистичка смисла, дека католиците правеле „двојна грешка“: не само што почитувале делови од човечки тела, туку „обожувале“ погрешни.
Тој напишал: „Се зборува дека во овој град се наоѓа раката на Свети Антониј. Кога бил затворен во неговиот ковчег кој сите го бакнувале и гушкале, кога го отвориле се покажало дека било дел од елен. На големиот олтар е пставен дел од мозокот на Свети Петар. Се додека некој во тоа не се сомневал. Но кога корпата каде ја чувале реликвијата ја протресле и детално ја истражиле, се покаѓало дека е тоа шуплив камен.
Ако се соберат сите лажни реликвии од Европа, заклучува тој, секој апостол би имал барем по четири тела, а секој светец по две или три.
Ваквите критики помогнале да се обединат реформаторите во католичката црква за да ја заострат контролата во процесот за прогласување некого за светец – што значи според зборовите на Париџи, да се рационализира „магијата во коренот на чудата“ со создавње на строги процедури кој може да стане светец, и како. Иако Рим е формално надлежен за прогласување светци уште од 12-иот век, во пракса локалните верници прогласувале свои светци без серизона контрола веќе 500-тини години. Рим нема механизам, ниту пак посебна потреба да го натемнува правилото; локалните верници не претставуваат реална закана за нејзниот авторитет. Почнувајќи од 16-иот век, реформаторите всушност беа закана; иако барем на полето на прогласувње светци на црквата и требаше барем еден век да смисли како да одговори на ова. Она што произлезе беше правна процедура – буквални канонски судења, заедно со адвокати на каноните кои дејствуваат како „обвиители“ кои работат против некој потенцијален кандидиат – за вреднување на чудата и централизирање на прогалсувањето некого, кое преживеало се до реформите на Јован Павле Втори во средината на 80-ите години од минатиот век.
Во меѓувреме, чудата никогаш не се исти, за што не можат да бидат обвинети протестантите. Париџи напишал: „Кај најраширената народна смисла, чудото е оставштина во врска со границите на науката“ – и како што се прошируваат тие граници за да опфатат што повеќе настани, се намалува просторот кој останува за нештата кои произлегуваат од „боќјата моќ“. Модерните чуда се воглавно лекувања, и Ватикан ги разгледува и со лекари и со теолози за да се потврди дека се „комплетни“, „инстантни“, „трајни/издржливи“ и неприменливи од некој друг освен од светата личност. Париџи се сомнева дека надвладувањето на лекувањата се одраз на напорите на бирократијата за да ја замени магијата со рационалноста. Тоа не е како некој да тврди дека Џунипер Сера летал над Северна Калифорнија. „Ако разговарате со некој кој бил излекуван, може да бидете скептичен, но ќе си помислите, па добро, можеби. Којзнае… Ако тргнете со пристап кој е заснован на науката, и двете нешта, и лекувањето и летањето, се можни. Но едното е поневозможно од другото“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Свети Тома седи дома: Утре го славиме светецот кој се сомневал во Христовото воскреснување
-
Започнете бизнис или тргнете на патување: Утрешниот светец ви гарантира успех
-
Денеска е Св. Елисеј: Сите жени кои го имаат овој проблем, задолжително да го направат ова…
-
На денешниот празник задолжително се јаде риба, а пред спиење покрај креветот се остава ова!