Металург ја впиша и втората победа во серија во Лигата на шампионите. По победата во второто коло над Кадетен Шафхаузен во СЦ „Борис Трајковски“ падна и шампионот на Норвешка, Елверум. Двете екипи имаа половичен успех по првите две кола, но избраниците Лино Червар, младите „пулени“ покажаа повеќе од играта и заслужено дојдоа до победата по целосен пресврт откако во првиот дел Елверум имаше предност од два гола (10-12).
Решевачки период во играта беше првиот дел од второто полувреме кога металурзите со успешните реализации на Божовиќ и Мраковиќ дојдоа до пресврт и водство од четири голови разлика (19-15) на 10 минути од крајот на натпреварот.
До финишот норвежаните се обидоа да дојдат до резултатска неизвесност, но цврстата одбрана која ја краси тимот од Автокоманда во претходните неколку години не дозволи изненадување.
Во првиот дел Елеврум го дикитраше темпото, и имаше неколку сериозни обиди да дојде во висока предност, но благодарение на голманот на Металург Даниел Дупјачанец тоа не се случи и домаќините останаа во игра, и во вториот дел дојдоа до посакуваната победа.
Jанко Божовиќ беше најефикасен кај Металург со шест погодоци од кои четири од седмерец, Лука Мраковчиќ додаде четири, а Марко Матиќ и Жарко Пешевски постигнаа по три погодоци. Дупјачанец го заврши мечот со 12 одбрани.
Кај Елверум прв стрелец беше Лука Митровиќ со пет гола, а забележителен на голот беше Нергард со фантастични 18 одбрани.
Во следниот натпревар од групата Д во Лигата на шампионките, Металург на 11 октомври во Данска му гостува на Скјерн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.