Македонскиот вицешампион Металург во моментов го игра третиот натревар од Лигата на шампионите против норвешкиот шампион Елверум. По првите 30 минути металурзите имаат негатива од два гола (10-12) во СЦ „Борис Трајковски“ која повторно не е исполнета до последното место иако тимот од Автокоманда билетите за овој натпревар ги пушти по крајно популарни цени.
Во првиот дел избраниците на Лино Червар имаат проблем со реализацијата во нападот бидејќи цели 10 минути на почетокот од мечот не постигнаа гол откако резултатот беше 2-2. Во продолжение македонскиот преставник ја смени играта со неколку контранапади постигна голови за да дојде до позитива од два разлика (7-5). Сепак силната и гранитна одбрана на гостите заигра на потребното ниво и го сврти резултатот во своја корист за на полувремето да води и да има предност пред продолжение од натпреварот.
Во вториот дел четата на Червар ќе се обиде да дојде позитивен резултат и да ја впише втората победа во годинешното натпреварување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.