Уште на 17 години ветуваше многу.
Кристијано Роналдо во мечот на Лигата на шампионите против Малме ги постигна неговиот 500 и 501 гол во кариерата. Ретко виден подвиг во само 753 одиграни натпревари уште еднаш Португалецот го впиша во налето на светскиот фудбал. Меѓутоа дали некогаш сте размислувале како изгледал првиот гол во сениорската конкуренција на сегашната ведета на Реал?
Имаше 17 години и играше за лисабонскиот Спортинг, а голот е токму о неговиот стил. Ја прими топката на средина на теренот, повлече полуконтра, избегна двајца противнички играчи, потоа го избегна и третиот и сигурно ја затресе мрежата. И не само тоа – на овој меч постигна уште еден погодок и веќе тогаш ја најави големата кариера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)