| четврток, 6 декември 2018 |

Андонова продолжува да ги тероризира противниците (видео)

natasa andonova

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова одигра уште еден фантастичен натпревар за својот тим Розенгард, постигнувајќи ги двата гола со кои ја совладаа екипата на Умеа.
Првиот гол го постигна со нејзината позната „левица“ од слободен удар од повеќе од 25 метри во 30.минута, додека вториот беше мало ремек дело во казнетиот простор на противникот.
Ова беше седми гол за Андонова оваа сезона, само еден помалку од Бразилката Марта. Со 13. победа Розенгард изби на првото место со 45 бода, барем додека конкурентот Есклистуна јунајтед не го одигра својот меч од 20. коло. Има уште две рунди до крајот на првенството кои ќе го решат шампионот на Шведска.

Сепак, Андонова ќе има нов мегдан за докажување веќе од следниот викенд, кога ќе почне Лигата на шампионите. Првиот меч Розенгард го игра на гости кај Ванта, во Финска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top