Комеморацијата по повод смртта на Уснија Реџепова, која пред два дена ја загуби битката за живот во 70 година, се одржа вчера во салата на Радио Белград.
На легендарната пејачката чест и оддадоа братот и снаата од Скопје, бројни колеги и пријатели, кој во солзи и со нејзините песни се простија од некрунисаната кралица на јужниот мелос.
Најмила наша Коштано ќе те чуваме во нашите срца“, кажаа пејачите.
Меѓу познатите на комеморацијата беа Цакан, Нада Топчагиќ, Захар, Гоца Стојичевиќ, Мерима Његомир, Изворинка Милошевиќ, Вера Матовиќ и многу други.
Уснија Реџепова ќе биде погребана утре во родното Скопје.
Братот Решим и снаата Емира од Скопје, кои цело време беа со пејачката за време на нејзината тешка болест, од тага и болка едвај стоеле на нозете, пренесуваат српските медиуми.
Најголема љубов е помеѓу братот и сестрата, а јас мојата никогаш нема да ја заборавам. Секогаш ќе ја носам во срцето“, едвај кажал Решим, а потоа се надоврзала и неговата сопруга: Народот ја памети како убава, добра и благородна жена и сакаме таква и да остане.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.