| четврток, 6 декември 2018 |

Нови проблеми за Реал Мадрид, Џејмс Родригез ја обнови повредата

Во таборот на Реал Мадрид, а пред се тренерот Рафа Бенитез се надеваше дека во неделното дерби против градскиот ривал Атлетико Мадрид на „Висенте Калдерон“ ќе истрча со најсилниот состав, сепак тоа нема да се случи бидејќи колумбискиот репрезентативец Џејмс Родригез кој започна со тренинзи по повредата на мускулот на левата нога, ќе мора повторно да паузира.
Колумбиецот требаше заедно со Рамос и со Бејл да му се стави на располагање на Рафа Бенитез за неделното дерби со Атлетико Мадрид, но мадридскиот весник „Ас“ обелодени дека тој пред два дена ја обновил повредата.

На Хамес веќе му била препишана нова рехабилитациска програма, според која следи пауза од најмалку 15 дена, што е јасен знак дека тој нема да може да настапи на мечот со Атлетико.

Воедно, повредата значи дека Родригез ќе ги пропушти и следните две квалификациски средби на својата репрезентација, против Перу и Уругвај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top