Во Мултинаменскиот едукативен центар на ЈУ Зоолошка градина Скопје викендов во рамки на манифестацијата „Бела ноќ“ ќе се одржат бесплатни едукативни работилници на тема „Змиите, нашите тивки соседи“ и „Во светот на пештерите“.Денеска ќе се одржи едукативната сесија „Змиите, нашите тивки соседи“ по повод „Бела Ноќ“, на која ќе бидат опфатени темите: змиите наши соседи (колку видови на змии имаме во непосредна близина на Скопје), како нашите најмлади гледаат на змиите, кога змиите се најстрашни или кога најмногу се плашиме од змиите и дали постои град на змиите и каде е?
Целата сесија, како што велат организаторите, ќе биде адаптирана пред се за младите посетители (од 8 до 14 години), а ќе содржи и информации кои можат да бидат корисни и за возрасните.
Преку мултимедијална презентација (видео и аудио) во траење на 1 час посетителите ќе можат да добијат забавно едукативна програма за овие животни.

Утре во организација на Истражувачко друштво Урсус Спелеос Скопје и Македонско Еколошко Друштво во Едукативниот центар на ЗОО градина ќе се одржи интерактивна едукативна работилница на тема „Во светот на пештерите“, на која посетителите ќе дознаат повеќе за пештерите во Македонија, лилјаците, мечките, рисовите и општо за спелеологијата. Работилницата е адаптирана за деца од 5-то до 9-то одделение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.