Авторот и новинар со српско потекло Александар Дорин познат по многубројните студии кои ја пробиваат официјалната верзија за настаните во Сребреница од 1995 година-дека војската на Република Српска убила 7.000 цивили, се јави по четири месеци отакако исчезна.
Имено, тој бил одведен од својот стан во Базел на 17 јуни под сеуште неразјаснети околности. Местото каде што живеел е опустошено, изваден е паркетот, целосно уништена вратата, демолиран мебел.
Дорин се јави на својот „Фејсбук профил каде наведува дека се вратил од затвор.
-Драги пројатели, после долго „деловно патување“ конечно стигнав назад. Утринава брутално ме исфрлија од базелскиот затвор. Да живее слободата и вистината, смрт на фашистите и на непријателите. Се слушаме малку подоцна сега одам на кафде по 16 недели, напиша Дорин.
Вистинското име на Александар Дорин кој живее во Базел и има швајцарско државјанство е Борис Крљиќ. Тој е познат по тоа што во својата книга го негираше масакрот во Сребреница тврдејќи дека не е точно дека се убиени 7.000 – 8.000 луѓе, туку дека страдале околу 2.000 војници на армијата на Босна и Херцеговина. Убиствата на цивили, како што тврди, немало.
Дорин во јануари 2014 година изјави дека Зоран Јовановиќ, коавторот на неговата последна книга за Сребреница починал на 13 јули 2013 година само десеттина часови откако му јавил дека успеал да откупиу две снимки кои во голема мера го рушат митот за Сребреница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Холандија бара поништување на пресудата за Сребреница
-
Пресуда на Хаг: Холандија делумно виновна за смртта на муслиманите во Сребреница
-
Холандски војници ќе ја тужат државата затоа што ги пратила во Сребреница
-
По ослободителната пресуда на Шешељ, радикалите со часови кружеле низ Сребреница извикувајќи: Пак ќе ве колеме! (видео)


