| четврток, 6 декември 2018 |

Холандски војници ќе ја тужат државата затоа што ги пратила во Сребреница

vojnici-srebrenica

Стотина поранешни холандски војници од составот на мировните сили на ОН во Босна и Херцеговина, подготвуваат тужба против Владата на Холандија, затоа „што ги испратила да ја бранат Србреница во 1995 година“. Нивниот адвокат Михаел Руперти изјави дека војниците биле испратени во Сребреница во, како што оцени холандската министерка за одбрана Џенин Хенис­Плаше, „невозможна мисија“.

– Државата овие војници ги испртаи во невозможна мисија и потоа ги напушти, изјави Руперти, додавајќи дека мисијата во Сребреница на неговите клиенти им „нанела голема физичка, психичка и финансиска штета и влијаела врз нивниот социјален живот“.

Во јуни годинава министерката Хенис­Плашерт изјави дека баталјонот бил испратен во Босна „без адекватна подготовка, без соодветни средства и со малку информации за тоа како да го заштитат мирот кој повеќе не постоел“. ­

– Тоа било нереална мисија во невозможни околности, изјави Хенис­Плашерт.

Според Руперти, поради случувањата во Сребрница од 1995 година, неговите клинети веќе 20 години „ги бие лош глас“ и многумина отворено ги прашуваат „зошто не презеле ништо“ за да го запрат масакрот. ­

– Нивната човечка и воена репутација претрпе голем штета, затоа што беа напуштени од сопствената Влада, нагласи Руперти, додавајќи дека пред поднесувањето на тужбата сака да се сретне со министерката Хенис­Плашер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top