Според податоците на Меѓународната агенција за истражување на ракот ГЛОБОКАН во 2012 година во Македонија се регистрирани 1.152 новозаболени од рак на дојка од кои 483 починале.
– Според предвидувањата на „ГЛОБОКАН“ дневно во Македонија по три жени заболуваат од рак на дојка – изјави во интервју за „Република“ Биба Додева, претседателка на здружението за борба против рак „Борка“.
В недела, 4 октомври, по седми пат „Борка“ организира Розова прошетка. Целта на настанот е подигнување на свеста кај населението за ракот како потенцијално излечива болест, како и помош и поддршка за жени со такво заболување. Прошетката почнува во 11 часот од плоштадот „Филип втори“.
Синоќа се одржа осмата национална конфренција за рак на дојката на која еминетни гости имаа предавања за ракот и методите за негово излекување. На конфренциијата, на иницијатива на „Борка“ се потпиша меморандум за соработка со невладини организации кои се занимаваат со борба против ракот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)