| четврток, 6 декември 2018 |

Дојче банк со нова процена за порастот на БДП во 2015 година

раст

Германската централна банка, Дојче банк ја промени претходната прогноза за порастот на домашниот бруто-прозивод на Германија и објави дека тој ќе биде поголем за 0,2 процентни поени од досегашното предвидување.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, зголемувањето на прогнозатаа за пораст на домашниот бруто-производ на Германија, меѓу другото, се должи и на драматичното зголемување на приливот на емигранти.

Според предвидувањата на Дојче банк, германскиот БДП оваа година ќе порасне за 1,9 процент. Претходните прогнози се движеа на ниво на пораст од 1,7 отсто.

На новите трендови, според стручњаците на Банката, влијаат зголемувањето на потрошувачката, засилувањето на еврото, намалувањето на цените на нафтата и рекордниот прилив на емигранти во земјата.

Според анализите, порастот на БДП на најсилната европска економија треба позитивно да влијае и на економиите на земјите-членки на еврозоната и на вкупните економски процеси во Европската унија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top