На 14.ноември на стадионот „Олд Трафорд“ во Манчестер ќе се одигра хуманитарен фудбалски натпревар на поранешни ѕвезди со цел да се соберат средства за УНИЦЕФ.
Едниот тим ќе го сочинуваат поранешни и сегашни ѕвезди од Велика Британија и Ирска предводени од легендата Сер Алекс Фергусон, а Дејвид Бекам ќе биде капитен, додека додека на спротивната страна ќе биде репрезентацијата на светот на чело со Карло Анчелоти и капитенот Зинедин Зидан.
Првпат после 12 години во ист тим ќе бидат двете големи ѕвезди на островскиот фудбал, Фергусон и Бекам кој се скараа во 2003 година откако Фергусон шутна една копачка во соблекувалната на „црвените ѓаволи“ и го погоди Бекам во лицето по што фудбалерот си замина од клубот. Двајцата веќе заборавија на инцидентот и повторно се во добри односи. За Сер Алекс Фергусон ова ќе биде прво враќање на клупата на „Олд Трафорд“ откако се пензионираше.
Хуманитарниот настан се вика „Натпревар за децата“, а делител на правдата ќе биде легендарниот судија Пјерлуиџи Колина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.