| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца Германци бесправно граделе во Охрид

охрид

Двајца инвеститори со живеалишта во Германија се осомничени дека граделе станбена зграда со поголем габарит од предвидената со одобрението.

СВР Охрид поднесе посебен извештај против Т.М.(46) и Д.М.(53), двајцата со живеалиште во Германија за кривично дело „бесправно градење“.

Во периодот од мај до декември 2012 година, во Охрид на ул. „Климентов универзитет“, пријавените како инвеститори, на земјиште нивна сопственост изградиле индивидуална станбена зграда со површина поголема од предвидената во одобрението за градење и ревидираниот основен проект.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top