
За Втората светска војна сме учеле на училиште, сме читале, сме гледале филмови и горе долу сите знаеме доста. Но, за овој голем судир постојат и интересни факти кои не биле посебно експонирани, па затоа и малку кој ги знае.
Првиот америкски војник во Втората светска војна загина во 1940 година во Норвешка, пред САД официјално да влезат во војната по јапонскиот напад на Перл Харбур. Тој Американец го убиле Германците.
Највисоко рангиран офицер кој загинал на боиштата е исто така Американец, генерало-полковникот Лсли Мекнер, кој настрадал во бомбашки напад, и тоа, од Американци!

Германска инвазија на Полска 1939 г.
Најмладиот американски војник кој учествувал во најголемиот воен судир во историјата е Калвин Грјем, кој тогаш имал само 12 години. Откако се дознало дека лажел за годините, Грејем бил исфрлен од војската, но подоцна со акт на Конгресот на САД му биле доделени посебни почести.
Кукастиот крст (свестиката) сите ја знаат како симбол на злото и облежје на нацистите. Малкумина знаат дека овој амблемво еден момент го користеле припадниците на 45 Пешадиска дивизија на САД. Приватниот воз на Хитлер во почетокот на војанта се викал „Америка“, но набрзо името му било променето. Секако, и во двата случаја јасно е зошто.
Во моментт на нападот на Перл Харбур главната команда на Морнарицата на САД скратено се викала SINCUS, што на англиски значи „потопете нè“. Од разбирливи причини била променета.
Во текот на Големата војна Американците дале повеќе жртви од военотовоздухопловство отколку од мариницте. „Плавите“ имале квота од 30 летечки мисии пред демобилизацијата, а можноста за погибија во текот на тие 30 летови изнесувала дури 71 отсто.
Американскиот Бомбардер B-17 носел четири тони бомби и тон и пол митралериска муниција. Припадниците на американските воздухопловни сили во војната соориле 6.098 непријателски ловци, односно по еден на секои 12.700 испукани куршуми.

Германски шлем
Во текот на Втората светска војна речиси да не постоел просечен пилот. Сите биле или покојници ии полковници. Титулата пилотски ас ја добивале сите кои ќе собореле 10 или повеќе непријателски авиони. На пример, јапонскиот ас Хиројоши Нишизава успеал да сбори 80 авиони. Сепак, загинал во ле, како патник в товарен авион.
Постоела практика во авионско-митралериската муниција секој петти куршум да е светечки, а служеле за полесно утврдување каде одат истрелите. Но, набрзо било откеиено дека тие имаат инакви балистички својства, односно инаку се днесуваат во текот на летот – имаат дури 80% промашувања. На непрјателскиот пилот му откирвале каде се наоѓа напаѓачот. Посбена опасност претставувал фактот дека се користеле и како последен дел од рафалот, што му било сигнал на пилотот дека напаѓачот останува без муниција.
Првите Гермаци заробени по сојузничкиот истовар во Нормандија – биле Корејци. А нивнатаприказна е крајно неверојатна. Во почетокот на војната ги заробила јапонската војска и ги натерала да се борат за неа против Русите. Потоа, ги заробиле Русите и ги принудиле да се борат на нивната страна против Германците. И логчно, кога им паднале во рацете на Германците, застанале рамо до рамо со нив во борбата против сојузниците. Сојузниците не ги натерале да се борат повторно против Германците.

Лондон п бомбардирањето во 1940 г.
Интересно е и тоа што повеќето припадници на СС единицата воопшто не биле Германци. Имало доста Европејци, но и луѓе од остатокот од светот.
За извидување Американците користеле и вооружени авиони двоседи. Еден од нив бил “Miss me” (“Промаши ме “). Во една мислија „Мис ми“ налетал на германски извидувачки авион, кој бил невооружен. Американските пилоти пукале, го оштетиле германскиот авион, а потоа ги заробиле германските пилоти и живи ги донеле во својата база. И ден денес е мистерија како четворицата се превезле во авион двосед.
Кога стигнале до Рајна еден сојузнички војник решил да се олесни во реката. Наскоро тоа им станало практика на сите сојузнички војници, од обичните пешадијци до британскиот премиер Винстон Черчил, кој од тоа направил шоу.

Германски бомбардер Хајнкел Не 111
Малку е познат фактот дека германскиот бомбардер ME-264 можел да долета до Њујорк и да го бомбардира, но Германците сеоткажале од идејата, зашто им се видело дека тоа ќе нема некое големо воено значење.
Русите унишиле 500 германски авиони така што нивните пилоти се забивале во нив. И мински полиња чистеле на радикален начин: испраќале едници со свои казненици да маршираат по нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


