| четврток, 6 декември 2018 |

Џузепе Роси се врати на терените и постигна гол по пауза од 501 ден (видео)

dzuzepe rosi

По неколкуте сериозни повреди и голема пауза од терените, поранешниот италијански репрезентативец и еден од најголемите таленти во светот, Џузепе Роси конечно имаше причина за радост на натпреварот од второто коло од Лигата на Европа на гостувањето на неговата Фиорентина против Белененсес. Фиорентина беше убедлива и со 4-0 победи во Португалија.
Иако пред извесно време се сложи за намалување на платата во Фиорентина, Роси по дури 501 ден пост, се запиша во листата на стрелци.
Тренерот Соуза одлучи Роси да го започне натпреварот од првата минута, а тој му оддолжи со погодок во самиот финиш од мечот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top