Италијанскиот клуб Рома е презадоволна од залагањата и игрите на двајцата нови играчи кои ги ангажираше ова лето Един Џеко и Мохамед Салах.
Тие дојдоа во тимот како позајмени фудбалери од Манчестер Сити односно Челси. „Римската волчица“ обелодени дека ги активирала откупните калузули кои изнесуваат осум милиони фунти за Џеко и двојно повеќе за Салах и ќе ги направи нивните договори перманентни.
Сепак, Рома можеби ќе има проблеми со Еѓипќанецот, бидејќи е под истрага на ФИФА. Тој минатата сезона ја мина на позајмица во Фиорентина, а челниците на овој клуб велат дека прво се договориле со фудбалерот за продолжување на соработката, но потоа се премислил и потпишал за Рома. „Виолетовите“ веднаш упатија жалба до ФИФА, па доколку се утврди дека Салах прво потпишал за Фиорентина би можел да добие суспензија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Владата усвои нови два анекса на договорот за автопатот Кичево-Охрид
-
Палота до Барселона: Дајте ни го Меси и сè ви е простено
-
Картите се спремни: Рома го знае својот противник во Лигата на шампионите? (фото)
-
Ни крив, ни должен „фатил“ 42 000 евра: Одиграл на победа на Барселона, грешката на вработената го направила богат