Во извештајот, со кој предвидуваат каков ќе биде светот во иднина, швајцарската банка „Кредит Свис“ тврди дека глобализацијата ќе пропадне, што некаде ќе доведе до зголемување на сиромаштијата, во некои земји, пак, до дебела нација, војна меѓу роботи и ограничувања на интернетот.
Ќе се промени на интеракцијата меѓу луѓето
Се уште сме далеку од целосна глобализација на дигиталната сфера, но иднината оди во таа насока. Во овој случај, дигиталната интеракција би можела целосно да ги потисне човечки контакти и да ги направи ирелевантни.
Помалку трговија и соработка помеѓу земјите
Технологија на 3Д принтерот ќе го направи производството на стоки полесно и поевтино. Ова може да доведе до се помала соработка и тргување меѓу земијите. Исто така, во овој случај можно е дека државите дополнително да ги зголемат трговските бариери со помош на новите тарифи.
Ќе војуваат роботи
Идните војни би можеле да се водат меѓу роботи. Ова ќе ги намали човечките жртви. Исто така, војните би можеле да станат поевтини, што би довело до тоа да се многу почести.
Oграничување на интернетот
Бидејќи расте шпионажата преку интернет, земјите би можеле да воведат ограничувања во употребата на интернетот. Некои би можеле да создадат и затворена национална мрежа слична на онаа во Северна Кореја.
Опасна дебелина и лоша исхрана
Истражувањата покажаа дека во 2013 година речиси 42 милиони деца под пет години биле дебели, а речиси две милијарди возрасни во изминатава година. Голем проблем во иднина ќе биде големиот јаз помеѓу земјите. Во богатите луѓето ќе страдаат од дебелина, а во сиромашните од неухранетост и глад.
Увозоти и извозот на храна ќе се намали
Голема грижа на земјите е зависноста од увозот на храна од други земји. Ова во иднина би требало да се промени, односно земјите би почнале да се потпираат повеќе на она што го произведуваат. Така Русија уште во 2010 година го забрани извозот на пченица, а Кина направи план според кој до 2050 година би се потпирала само на она што тие самите се произведуваат.
Пад на извозот на енергетски производи
Со цел да се намали потребата за увоз на енергија, обновливите извори како сонцето, ветерот и водата ќе добијат многу поголемо значење. Трговијата на енергетските извори доведе до климатски пореметувања и оштетувања, а ако таа се намали, би дошло до постепено закрепнување на природата.
Крај на демократијата
Системот на демократија денес е многу понеефикасен отколку пред 20 години. Постојат бројни примери за „недемократски“ земји кои бележат огромен економски успех. Затоа во иднина на светската политичка сцена ќе се појавТ „нови играчи“.
Се повеќе поделби
Светот се повеќе ќе се подели по прашањата за јазикот и за верата, затоа што општеството ќе биде се позатворено.
Војна на валутите
Во иднина е можна војна на валутите, што јако ќе му наштети на меѓународниот пазар, бидејќи и сега постојат голем број на земји кои ги користат своите валути како економски оружје.
Зголемувањето на цените на капиталот
Додека продолжувањето на глобализација значи намалување на цената на капиталот, крајот на глобализацијата ќе значи спротивното.
Се поголема сиромаштија
Крајот на глобализацијата ќе значи и зголемување на сиромаштијата и проширување на јазот меѓу луѓето.
– Бариерите за извоз на стоки во земјите во развој, уште повеќе ќе го осиромашат населението и ќе доведат до раздор – се вели во извештајот „Кредит Свис“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.