Македонскиот прволигаш Кожув доби екстра засилување со НБА педигре, откако потпиша договоро со центарот Ратко Варда. Поранешниот босански репрезентативец ќе игра за гевгеличани во оваа сезона и ќе биде големо засилување во битката под кошевите.
Амбициозната Управа на Кожув успеа да се договори со Вардар, кошаркар кој порано настапуваше за Детроит пистонс и за Вашингтон визардс во НБА лигата
„Некогашниот играч на Реал Мадрид, Жалгирис, Химки, Бешикташ, Партизан како и НБА екипите Детроит и Вашингтон, Ратко Варда потпиша договор со КК Кожув“ – објавија од КК Кожув на својата официјална фејсбук-страница.
Варда има играно и против Македонија во националниот дрес на БиХ, а во Кожув ќе биде одлична замена за Златко Гоцевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.