Три натпревари веќе се одиграни од последното (28.коло) на Првата македонска кошаркарска лига. Кожув со еден поен разлика стигна до победата над Работнички и по трет пат сезонава го совлада најтрофејниот кошаркарски клуб, додека Куманово без проблем убедливо победи на гостувањето кај Бест, во двата саботни дуели. Во петокот, на воведниот натпревар од колото Фени Индустри ја совлада Струмица.
Работнички по овој пораз го завршува прволигашкиот дел на шестата позиција и во 1/4-финалето на плејофот ќе игра против третопласираниот тим на табелата, а тој ќе биде познат по денешното дерби во СЦ „Јане Сандански“ меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи. Победа на МЗТ ќе значи втора позиција за Куманово на табелата и покрај евентуално идентичниот број на бодови со Соколи, поради подобриот скор на Куманово во меѓусебните дуели (3-1 во победи).
Натпреварите од плејофот се закажани да почнат во вторник (26. април).
Резултати:
Работнички – Кожув 75-76
Бест – Куманово 63-93
Фени Индустри – Струмица 82-67
Денес играат:
МЗТ Скопје Аеродром – Карпош Соколи
Табела:
МЗТ Скопје Аеродорм 51 бод
Куманово 48
Карпош Соколи 47
Фени Индустри 46
Кожув 41
Работнички 39
Струмица 33
Бест 28
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.