| четврток, 6 декември 2018 |

Фондацијата Никола Кљусев организира прошетка низ уметноста и поезијата

На 2 октомври, со почеток во 12 часот, Фондацијата Никола Кљусев ќе го реализира проектот “Прошетка низ уметноста”.

-Проектот го реализираме со цел да го одбележиме денот на раѓањето на првиот Премиер на независна Македонија, преку музика и поезија, сакајќи да ја претставиме неговата уметничка страна, за која малкумина знаат. Имено, тој има напишано 8 збирки поезија, еден роман; беше страстен обожавател на класичната музика, особено операта, а и самиот често пати пееше оперски арии, велат организаторите.

Прошетката ќе започне во Меморијалниот центар (пред Дом на АРМ) со читање на дел од творбите од поетот Кљусев, по што ќе ја продолжиме прошетката низ плоштадот Македонија до улицата Никола Кљусев (сквер Јадран) и назад по истата патека. За време на прошетката групата Серенада ќе пее староградски македонски песни. Прошетката ќе заврши повторно пред Фондацијата каде што оперската певица Сарафина Фантаузо ќе отпее дел од ариите “О соле мио“, “Санта Лучија“ и други. Исто така, тука ќе земат учество и поети кои ќе говорат за творештвото на Кљусев.

Сите љубители на поезијата и музиката се добредојдени да се придружат на оваа прошетка.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top