| четврток, 6 декември 2018 |

„Прошетка низ уметноста“, чествување на Никола Кљусев

Одбележување на раѓањето на првиот Премиер на независна Македонија, Никола Кљусев и истакнувањето на неговата уметничка дарба, беа срцевината на проектот „Прошетка низ уметноста“, којшто го организираше Фондацијата „Никола Кљусев“.

Проектот се организира прв пат, но, како што истакна директорката на Фондацијата, Маргарита Неновска, истиот ќе продолжи и во иднина, повеќе пати во годината.

2

-Го чествуваме денот на раѓањето на Никола Кљусев и сакаме преку самото име на проектот „Прошетка низ уметноста“, да го истакнеме она што малкумина го знаат, а тоа е неговата уметничка надареност. Последните години од неговиот живот тој ги посвети да напише осум збирки поезија, еден роман и една поема. Обожаваше класична музика, особено оперите кои и сам уживаше да ги пее, рече Неновска.

Настанот кој започна во просториите на Фондацијата продолжи низ плоштадот, па до улицата „Никола Кљусев“, а по целиот пат членовите на групата „Серенада“ пееја староградски македонски песни.

-Целта беше да прошетаме низ градот и да ги поттикнеме и случајните минувачи да ни се придружат, да другарувме низ песна, музика, поезија, но и странците да ја чујат македонската музика, додаде Маргарита Неновска.

На настанот присуствуваа почитувачи на делото на Никола Кљусев, писатели, поети, уметници, ученици… Оперската певица Серафина Фантаузо отпеа неколку оперски арии, межу кои и „О Соле мио“ и „Санта Лучија“, а се читаа и поетските творби од поетот Кљусев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top