| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: Одредени политички партии излегуваат со произволни и неиздржливи решенија

Има одредени политички партии кои што немаат доверба во сопствените капацитети, излегуваат со некои произволни и неиздржливи решенија.

Antonio-Milososki-3

Пратеникот Антонио Милошоски, кој е дел од работните групи на ВМРО-ДПМНЕ, во дневникот на „Канал 5“ говореше за тоа како течат преговорите и која партија, како што изјави лидерот на СДСМ Заев, ги одолговлекува одлуките и зацртаниот план од Пржино.

– Сметам дека има одредени политички партии кои што немаат доверба во сопствените капацитети, излегуваат со некои произволни и неиздржливи решенија. Поради тоа некогаш се наоѓаме во цајтнот за превземените договорени обврски, па мораме во последен момент да одлучуваме, како што беше случајот со Специјалниот јавен обвинител – истакна Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top