| четврток, 6 декември 2018 |

Баја Маре се повлекува од Лигата на шампионите?

metalurg-12

Екипата на Баја Маре која е во групата Д заедно со македонскиот претсавник Металург би можела да се повлече од најеиментното натпреаварување во елитното европско друштво.
Проблемот настанал откако финансиската полиција ја продлабочила истрата против локалните власти на Букурешт кој е главен финансиер во машкиот и женскиот колектив на Баја Маре. По притворот на Градоначалникот на Букурешт пред извесно време, сега извршила увид и во работењето на првиот човек на Баја Маре. Веднаш стигнале закани дека Општината ќе престане со финансирање на двата ракометни колективи, кои воедно се државни прваци на Романија во машка и во женска конкуренција и претставници на оваа земја во Лигата на шампионите.

Со оглед на фактот дека токму градските власти се главни помагатели на Баја Маре, романските медиуми предупредуваат дека овие колективи многу лесно би можеле да паднат во толку сериозни финансиски проблеми, што е загрозено и нивното учество во ЛШ. Машкиот тим на Баја Маре е дел од групата Д исто како и Металург, а избраниците на Червар на 18 октомври би требало да гостуваат во Романија, доколку не се случи најцрното сценарио за овој колектив.

Што се однесува до женскиот тим, за него настапува и нашата репрезентативка Елена Ѓорѓиевска, и е дел од групата А во Лигата на шампионите за жени, заедно со Ларвик, Ростов Дон и Крим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top