Најмалку 11 лица загинаа денеска во Анкара кога автобус удри во постојка, јавија турските медиуми. Повредени се најмалку седум луѓе, кои чекале автобус на постојката во квартот Дикимеви.
Според дел од турските медиуми автобусот удрил во постојката поради откажување на сопирачките.
На местото на несреќата имаше и тензии меѓу насобраниот народ и полицијата. Припадниците на безбедносните сили употребија солзавец за растурање на насобраниот народ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.